Црвен сет Tava

11.900,00 ден

Комплет од 4 висококвалитетни емајлирани садови за готвење како поволно решение за вашата кујна и практичен подарок за домот.

Во сетот се вклучени:

  • Тава Ø25 см – идеална за помали оброци, пржење или сервирање

  • Тава Ø30 см – за поголеми количини

  • Тенџере 3,3 л – совршено за супи, сосови и гарнири

  • Тенџере 5,3 л – погодно за динстање,печење леб и семејни јадења

На залиха

Категорија

Карактеристики:

Изработен е од гусано железо со висококвалитетен емајлиран слој кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Универзална употреба: во рерна (до 250°C), на сите видови шпорети вклучувајќи и индукција, како и за маринирање, чување храна и сервирање
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање
  • За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. зачинување како кај класичните  садови од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

 

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете садот постепено да се олади пред миење.
  • Не го загревајте садот празен на рингла и не гответе на висока температура
Совети за користење и одржување

За да го задржите квалитетот на вашиот сет Tava што подолго:

  1. Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
  2. Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
  3. Складирајте го суво за да остане како ново со години.

 

Одберете TAVA сет како поволно решение што ја разубавува и надополнува вашата кујна со безвременски изглед и функционалност.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Црвен сет TavaЦрвен сет Tava
11.900,00 ден

На залиха

Scroll to Top