Емајлирано тенџере 5.6L сино Lodge

13.750,00 ден

Dutch oven или тенџере со привлечна боја за силен отпечаток во вашата кујна. Идеално за печење, динстање и сервирање за збогатување на вашата трпеза – лесно за одржување и не реагира со состојките.

  • Капацитет: 5.6 литри
  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Тежина: 6.15 kg
  • Употреба: во рерна (до 250°C), на сите видови шпорети вклучувајќи и индукција, како и за маринирање, чување храна и сервирање
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

На залиха

Категорија Бренд:

    

Овој сад за готвење е одличен избор за оние што сакаат комбинација од капацитет, издржливост и впечатлив дизајн. Совршен е за семејни оброци, супи или печење месо и леб.

Изработен е од гусано железо со висококвалитетен емајлиран слој кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. зачинување како кај класичните  тави од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете садот постепено да се олади пред миење.
  • Не го загревајте садот празен на рингла и не гответе на висока температура

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Емајлирано тенџере 5.6L сино LodgeЕмајлирано тенџере 5.6L сино Lodge
13.750,00 ден

На залиха

Scroll to Top