Овој сад за готвење е одличен избор за оние што сакаат комбинација од капацитет, издржливост и елегантен дизајн. Совршен е за семејни оброци, супи, печење месо и леб, подготовка на десерти.
Изработен е од гусано железо со висококвалитетен емајлиран слој кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.
За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. зачинување како кај класичните садови од леано железо. Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.
Важно за ракување со температура
За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:
- Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
- Оставете садот постепено да се олади пред миење.
- Не го загревајте садот празен на рингла и не гответе на висока температура
Совети за користење и одржување
За да го задржите квалитетот на вашето емајлирано тенџере Tava што подолго:
- Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
- Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
- Складирајте го суво за да остане како ново со години.
Со TAVA, вашите семејни ручеци денес стануваат спомени што ќе се раскажуваат утре – наследство што ја поврзува традицијата и љубовта кон готвењето.

















Рецензии
Сеуште нема рецензии.