Црвена емајлирана тава 25cm Tava

2.430,00 ден

Со емајлираната тава TAVA, конечно во една тава добивате трајност како кај гусените тави, но со лесно одржување и без штетни премази/слоеви како кај тефлонските тави. Тоа ја прави единствена на пазарот и совршен избор за секој што сака да готви здраво, вкусно и безгрижно.

  • Големина: 25cm (идеална за готвење за 1-2 лица)
  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Тежина: 1,8 kg
  • Универзална примена – погодна за печење во рерна (до 250°C), пржење на сите типови рингли (вклучувајќи и индукција) и сервирање.
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање.
  • Издржливост – создадена да трае со години, дури и при секојдневна употреба.

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

На залиха

Категорија Бренд: Потекло: Кина

Оваа тава е одличен избор за оние што сакаат комбинација од издржливост, модерен дизајн и лесно одржување.

Изработена е од лиено железо со висококвалитетен емајлиран слој (исто како и тенџерињата од истата линија) кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. премачкување со масло како кај класичните  тави од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете тавата постепено да се олади пред миење.
  • Не ја загревајте тавата празна на рингла и не гответе на висока температура.
Совети за користење и одржување

За да го задржите квалитетот на вашата тава Tava што подолго:

  1. Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
  2. Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
  3. Складирајте ја сува за да остане како нова со години.

Со TAVA, вашите ручеци денес стануваат спомени што ќе се раскажуваат утре – наследство што ја поврзува традицијата и љубовта кон готвењето.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Црвена емајлирана тава 25cm TavaЦрвена емајлирана тава 25cm Tava
2.430,00 ден

На залиха

Scroll to Top