Бел сет Tava

11.400,00 ден

Карактеристики:

Изработен е од гусано железо со висококвалитетен емајлиран слој кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Универзална употреба: во рерна (до 250°C), на сите видови шпорети вклучувајќи и индукција, како и за маринирање, чување храна и сервирање
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање
  • За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. зачинување како кај класичните  садови од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете садот постепено да се олади пред миење.
  • Не го загревајте садот празен на рингла и не гответе на висока температура
Совети за користење и одржување

За да го задржите квалитетот на вашиот сет Tava што подолго:

  1. Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
  2. Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
  3. Складирајте го суво за да остане како ново со години.

 

Одберете TAVA сет како поволно решение што ја разубавува и надополнува вашата кујна со безвременски изглед и функционалност.

На залиха

Категорија

Комплет од 4 висококвалитетни емајлирани садови за готвење како поволно решение за вашата кујна и практичен подарок за домот.

Во сетот се вклучени:

  • Тава Ø25 см – идеална за помали оброци, пржење или сервирање

  • Тава Ø30 см – за поголеми количини

  • Тенџере 3,3 л – совршено за супи, сосови и гарнири

  • Тенџере 5,3 л – погодно за динстање,печење леб и семејни јадења

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Бел сет TavaБел сет Tava
11.400,00 ден

На залиха

Scroll to Top